ShortlistFox
← Back to results

Test MKT

Deutsche Telekom

North Macedonia

Apply

About the role

Recruiter

Дали те исполнува работата со луѓе и сакаш да придонесеш во градењето на успешни тимови? Македонски Телеком бара Recruiter кој ќе го води процесот на привлекување и избор на кандидати и ќе им помогне на вистинските луѓе да го пронајдат своето место во нашата компанија.

Што ќе работиш?
  • Ќе ги координираш процесите за селекција, од објавување огласи до избор на кандидат.
  • Ќе соработуваш со менаџерите за да ги разбереш потребите на тимовите и профилот што го бараат.
  • Ќе пребаруваш и ќе контактираш со кандидати преку различни канали.
  • Ќе водиш интервјуа и ќе ги проценуваш квалификациите и мотивацијата на кандидатите.
  • Ќе се грижиш кандидатите да имаат јасна и позитивна комуникација во текот на процесот.
  • Ќе учествуваш во активности за привлекување таленти и зајакнување на имиџот на Телеком како работодавач.
  • Ќе користиш дигитални алатки за следење на кандидатите и текот на процесите.

Што очекуваме од тебе?
  • Искуство во регрутација, селекција или слична HR улога.
  • Добри комуникациски и организациски вештини.
  • Способност да проценуваш различни профили и да препознаеш потенцијал.
  • Проактивност, одговорност и посветеност на кандидатското искуство.
  • Способност за работа со повеќе задачи и рокови истовремено.
  • Познавање англиски јазик и MS Office.
  • Универзитетско образование во областа на човечки ресурси, психологија, менаџмент или сродна област ќе се смета за предност.

Што нудиме?
  • Работа во динамична средина и соработка со различни тимови.
  • Можност да придонесуваш во важни одлуки за развојот на организацијата.
  • Професионален развој и учење преку секојдневната работа.
  • Поддржувачка и колегијална работна атмосфера.
Доколку се препознаваш во оваа можност, аплицирај со кликнување на копчето „Аплицирај“.